Водород концепт Hyundai FE Fuel Cell може да измине 800 километри

од Vladimir Zorba
153 прегледи

Овој концепт обезбедува возбудлив поглед на SUV возило со горивни ќелии од следната генерација, кој ќе биде ставен на пазарот во 2018 година. Погонот е еволуција на технологијата во ix35 Fuel Cell (Tucson Fuel Cell на некои пазари), кој во 2013 стана првото масовно производено водородно возило. Во моментов тој се продава на 17 пазара.

Hyundai FE Fuel Cell Concept продолжува посветеноста на Hyundai Motor кон автомобилите со горивни ќелии, тој е дел од еко-програмата на компанијата, која предвидува 14 или повеќе еко модели, кои ќе бидат претставени до 2020 година.