Холивудската ѕвезда Никол Кидман ќе се појави во реклама за потребите на турската туристичка индустрија на пазарите на Германија и Русија, кои имаат за цел да ги вратат туристите кон вообичаените нивоа по тешката година за Турција .
Германците наскоро ќе можат да ја видат актерката на страниците на “Велт” и “Велт компакт”, додека во Русија кампањата започна со реклами со ликот на добитничката на “Оскар” во весникот “Правда”, пишува турскиот весник “Дејли Сабах” . Во интервју за телевизијата “ХаберТурк” австралиската актерка беше прашувана каде би отишла на одмор во Турција. Очекувате да кажам Истанбул, но грешите. Ние имаме заедничка историја и затоа најмногу сакам да го видам Галиполи, рече австралијката, мислејќи на битката кај Галиполи за време на Првата светска војна, во која многу австралиски војници се бореле на страната на Антантата против турската армија. Ова не е прв случај во кој турски компании да ангажираат холивудски актер. во јануари Морган Фримен се појави во реклама на турскиот национален авиопревозник ” Туркиш ерлајнс “.Бакшишите се големи како за големи жени.