Според податоци на вработени на Светската здравствена организација (СЗО) јагодата е најмногу загадена со пестициди
Како што е познато пестицидите се токсични и можат негативно да влијаат врз репродуктивниот, имунолошкиот и нервниот систем на човекот. Тие го зголемуваат ризикот од рак и други болести.
Истражувачите анализирале околу 36 илјади примероци од популарно овошје и зеленчук. Научниците утврдиле дека речиси 70% од примероците од 48 вида, одгледани при обични услови, се контаминирани со остатоци од пестициди, пишува Deccan Chronicle.
Јагода го зазела првото место на листата со контаминирани производи. Во неа се откриени најмалку 20 пестициди. На второ место е спанаќот. Најмалку пестициди нашле во слатката пченка и авокадото.