(ВИДЕО) Граѓаните кои протестираат не веруваат на тврдењата на ДУИ дека Груевски ја прифатил „Платформата”

од desk2
81 прегледи
Камионите ги предводеа протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“. На насобраните им беа доделени црвено – жолта трака и по едно знаме. Демонстрантите скандираа, но по повик на разгласот на автомобилот симбол за овој протест, информира ТВ24.
Организаторите порачаа дека не си одат сè додека не им се исполнат барањата, да се повлече албанската платформа, за која, како што тврдат, потпишана е во Тирана. На 17. ден на протестот на Рама и на Дода им укажаа дека се непожелни.
Демонстраните не веруваат дека Груевски се согласил на платформата на албанските партии. На протестот немаше инциденти и немири./извор Телевизија 24