
Партијата на слободата “на Герт Вилдерс (PVV) не успеа да стане прва политичка сила на парламентарните избори во Холандија.
Првите прогнози врз основа на излезните анкети покажуваат дека водечката коалициска партија на премиерот Марк Руте (VVD) собрала најмногу гласови и ќе добие 31 од 150-те пратенички места.
Изборите, очекувани како првиот голем тест во Европа за подемот на популизмот, поминаа со засилен одѕив, кој веројатно ќе го надмине 80%, додека претходно во 2012 година излегоа 74.6% гласачи.
Резултати врз основа на реално преброени гласачки ливчиња и протоколи се очекуваат околу полноќ по локално време. Но прогнозата подготвена ода националната телевизија NOS, покажува дека Вилдерс се бори за второто место со уште две партии, како и три формации, кои можат да добијат по 19 пратеници.
What a result! ?
Most positive aspect: turnout was 81% (bucks European trend) pic.twitter.com/ZyciTXfYni
— Cas Mudde (@CasMudde) March 15, 2017
Едната од нив е Христијанско-демократската партија (CDA) на Сибранд Бума кој ги потврди прогнозите за силни перформанси, потпомогнати по дипломатскиот конфликт со Турција. Од 13 тој успеа да собере 19 пратениците, што е подобар резултат од 2006. година, кога конзервативците имаа 41 место.
Третата од партиите со израмнети резултати во прогнозата е проевропската D66 и поддршката за неа не е изненадување, бидејќи се тврдеше дека токму таа и Зелените левичарски ќе добијат поголем број на избирачи.

Првите коментари за ефектот се дека во Холандија ништо драматично не се случил и при толку повици и декларации дека никој не сака да соработува со Вилдерс, владејачката коалиција ќе продолжи генерално со досегашната политика, со што ги поремети амбициите на еден од најбрилијантните претставниците на популистите и антиевропските партии во Европа.
Вилдерс останува фактор на политичката сцена, бидејќи како што рече : “Каков и да е резултатот, духот е пуштен од шишето и оваа патриотска револуција ќе се случи, не е важно дали тоа ќе е денес или утре.”
Во исто време многу веројатно дека идната Влада ќе биде малцинска влада, бидејќи ниедна од групите лево и десно од центарот не собра мнозинство. Марк Руте изгуби 10 пратенички места и заедно со демохристијаните и D66 ќе имаат меѓу 69 и 75 места.
Социјалдемократите од работничка партија (PvdA), сепак, се најголемите губитници – цели 29 пратеници помалку, а левиот блок околу нив се со 18 места помалку во однос на 2012г. Резултатот на PvdA е со најтешкиот пораз во историјата – таа загуби две третини од пратениците и е казнета од симпатизерите најмногу затоа што ја поддржи антикризната програма на Руте.
Зелените и левичарските претставници имаат импресивни перформанси – од 2.3% во 2012г. тие денес собираа 11%, со што би требало да имаат 16 пратеници, или петтина од парламентарна сила. Ако тоа се потврди со официјалните податоци, тоа ќе биде рекордна победа за нив по речиси 30 години.
