28-годишната туристка Даниел Меклафлин, чиј гол труп беше најден во локва крв крај плажа во индиското одморалиште Гоа, пристигнала во земјата поради фестивалот Холи, посветен на почетокот на пролетта, пнапиша standard.co.uk.
Како што Локално.мк соопшти по телото на младата Британка имало бројни повреди во пределот на главата и рацете. За последно пријател на Даниел ја забележале во 2 часа во текот на ноќта, додека танцувала со локални Индуси.
Полицијата веќе го уапси наводниот сторител на бруталното убиство. Пред органите на редот Викас Бхагат признал дека првично ја силувал својата жртва, а потоа ја убил, за да го прикрие сексуалното злосторство.

Од хотелот во кој била младата жена, раскажуваат дека Викас е најпознатиот разбојник во месноста. Според информациите во профилот на Даниел на Фејсбук, девојката е родено во Ирска, а учела во Ливрпулскиот универзитет. 28-годишната жена сакала да патува, се занимавала се со планинарење и го обожавала животот. Сега фејсбукот и е затрупан од сочувство . “Те сакам, Даниел, ти беше најдобар и прекрасен човек”, пишува еден од нејзините пријатели. “Трагична загуба. Нека Господ ти ја смири душата и во рајот “, додава друг. Полицијата очекува резултати од медицинската експертиза. Истрагата треба да покаже дали кон обвинението на убиецот ќе биде додадена и силување.