Вооружен напаѓач упадна утрово во банка во Дуизбург и при тоа како заложници задржа двајца службеници, поради што во тек е голема акција на германската полиција. 
– Ја опколивме целата објаст, наведе претставник на полицијата.
Електронското издание на весникот „Билд“ јави дека на место на заложниќката криза се распореден тешко вооружени полициски специјалци.
Германската полиција се уште нема воспоставено контакт со луѓето кои се наоѓаат во зградата на банката.
Полицијата соопшти дека очевидци потврдиле оти напаѓачот носи оружје.
Една вработена која усепала да побегне, ја известила полицијата за нападот што се случил околу девет часот.