Трамп ја пречека Меркел во Белата куќа

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Канцеларот на Германија Ангела Меркел ја започна посетата на САД со средба со претседателот на земјата Доналд Трамп во Белата куќа.

Се очекува акценти во разговорите да бидат разликите во ставовите на двете земји во однос на НАТО, темите за Русија, за светската трговија и мноштво на други прашања.

Средбата Трамп-бренд во Овалната соба требаше да е во вторникот, но беше одложена по заемна согласност поради снежната бура што ги зафати источните региони на САД. Предвидено е Меркел и Трамп да дадат заедничка прес-конференција во 13.20 часот. По локално време. / АФП