
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави за време на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел дека го поддржува НАТО, но додаде дека некои земји членки не вложуваат доволно средства во него, пренесе AFP.

“Тоа и го посочив на канцеларката Меркел, ќе има силна поддршка во НАТО, како и потребата нашите сојузници од Алијансата да плаќаат фер придонес во цената на одбрана”, изјави Трамп.
“Многу нации должат големи суми пари и тоа не е фер кон САД. Овие држави треба да ги платат обврските”, додаде тој.