Каратистката на Макпетрол во борби (категоријата до 68 кг), Моника Стефановска, го освои петтото место на престижната Премиер карате-лига, која викендов се одржа во Ротердам, Холандија, што претставува одличен пласман. Во борбата за бронзениот медал, Стефановска минимално загуби со 1-2 од претставничката на Грција, Василики Панециду. Претходно Стефановска ги елиминира Англичанката Кејт Карвачински (7-0), Србинката Марина Радичевиќ (3-2), Босанката Ивона Ќавар (2-1) и во репасажот, Французинката Леа Аврези (2-0), додека загуби од Австријката Алиса Бухинегр (0-4).линџ (првиот) е прифатен, вториот е одбиен. Имало две акции обострани акции, при што при првата на двете е доделено по еден поен, а во втората на Гркинката
Ова е најдобриот пласман на еден наш каратист во коло на Премиер лигата, односно петото место, додека Симона Заборска (Макпетрол) е девето рангирана. Симона започна брилијантно, во првото коло ја победи Ајла Махмутович од Б и Х со 2-0, во второто коло победи со Луција Чатлак од Хрватска 5-0, но еден момент во третото коло беше пресуден и таа загуби од Финалистката Анжелика Терлуига од Украина.
Бошко Заборски тренерот на Макпетрол изјави:- Турнирот во Ротердам беше од голема важност за сите нас, бидејќи е критериумски за влез во македонската репрезентација и најдобра контрола пред Европското првенство (ЕП) во Коачели, Турција, во мај. Ние успеавме да оствариме два високи пласмани, две девојки влегоа меѓу десет најдобри во своите тежински категории на ова неофицијално светско првенство. Тие се и најдобри постигнувања од целата Македонска експедиција. Моника Стефановска имаше директна борба за бронзениот медал, меѓутоа беше поразена со минимален резултат 1-2, и Симона Заборска после двете победи, во третото коло беше поразена од украинската репрезентативка. Симона преку репасажот имаше шанса да направи подобар резултат, но загуби и од словачката репрезентативка и беше деветопласирана.Треба да забележиме дека одлично претставување имаше и нашата млада каратистка Анѓела Мојсовска, таа беше најмлада учесничка на овој турнир со 18 години, дебитираше во Премиер лигата и успеа да оствари три последователни победи, беше поразена во четвртфиналето од грчката спортистка Василаки во категоријата -68 кг. Во следниот период ни преостанува да поработиме на финилазирање на спортската форма и да се обидеме да постигнеме добар резултат на европското сениорско првенство во месец Мај. крај на изјавата
Вкупно 33 каратисти од 10 македонски клуба настапиа во Ротердам, Холандија, на до сега најсилниот турнир од Премиер-лигата, на кој учествуваа 1.257 каратисти од 153 клуба, од 73 држави од целиот свет.