Шпанската ѕвезда Пенелопе Круз ќе ја исполни улогата на Донатела Версаче во телевизиска серија за убиството на познатиот италијански моден дизајнер, соопшти продуцентската компанија.
Во “Versace: American Crime Story” сексапилната бринета, која доби во 2009 година “Оскар” за “Вики Кристина Барселона” ќе соработува со венецуелскиот секс симбол Едгар Рамирез. Тој ќе ја исполни улогата на основачот на империјата на луксузот “Версаче”, кој беше застрелан на скалите пред куќата во Мајами Бич во јули 1997 на 50-годишна возраст.
Убиецот, чии мотиви остануваат нејасни и до денес, е идентификуван како Ендрју Кунанан. Тој се самоубива дена подоцна.
Снимањата на “Versace: American Crime Story” ќе започнат во април. Серијата, адаптација на книгата на новинарот Морин Орт, ќе биде издадена следната година.
Ова ќе е трета сезона на “American Crime Story”. Првиот го претстави на особено драматичен начин “процесот на векот” против О Џеј Симпсон. Втората сезона се концентрира на ураганот “Катрина” и бавната реакција на американските власти по несреќата.