Велика Британија се очекува да објави забрана за вметнување на некои електронски уреди во салата на патничките авиони со летови од некои земји до Островот, соопштува Скај њуз.

Нема да се дозволува на патниците да качуваат во салонот на патничкиот авион лаптопи, таблети и други преносни уреди. Мобилните телефони нема да бидат вклучени во забраната.
Извори од службите открија пред британските медиуми дека мерката не е реакција на конкретна закана , туку како одговор на општа опасност за авијацијата.