Во провинцијата Дамаск исламисти соборија сириски воен авион МиГ-23. Ова го пренесе портал EremNews. Во мрежата се појавија снимки на кои авион паѓа по бомбардирањето.

Се забележува дека Миг-23 бил соборен со рактен лансер во предградието на Дамаск во Источна Гута. Терористите таму преземаат обид да се пробијат кон Дамаск, користат различни техники а локалните жители ги користат како жив штит.
Во исто време членовите на екстремистичките сили продолжуваат да ги бомбардираат станбените квартови на Дамаск. Нападите продолжуваат во позадината на голема операција, која ја спроведува сириската армија во источниот дел на градот. Предградието Џобар кое го освоија во 2012 година, кој во моментов е огромен бастион на терористите.