Смена на уредничкото кормило на Канал 5. Маја Дамјановска на местото на Лидија Богатинова

од Vladimir Zorba
491 прегледи

Менаџментот на телевизија Канал 5 вчера попладне донел одлука да ја смени Лидија Богатинова од позицијата главен уредник на телевизијата.

На нејзино место назначена е новинарката Маја Дамјановска.

Богатинова цели 10 години беше на оваа позиција во телевизијата а уредувачката политика што ја водеше беше фаворизирање на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Според извори од Канал 5, Богатинова добила директорска позиција но ингеренциите во уредувачката политика ќе ги има новоназначената Дамјановска, која својата уредувачка позиција ја севтоса со мега интервју со Никола Груевски