Во Велика Британија Денот на мајката се одбележува на 26 март, што значи дека статусот на девојка на принцот Хари наскоро може да се промени, пишува Ok Magazine.
Меган Маркел веќе се запозна со неколку од членовите на кралското семејство, но ја чека најсудбоносната средба – таа со кралицата Елизабета.
Како што пренесе извор за весникот, ако добие одобрение на кралицата, може да следи и долго очекуваниот предлог за брак.
Односите ќе бидат кулминација меѓу неа и Хари. Принцот е должен да ја замоли за дозвола кралицата за брак. Тоа значи дека технички таа може да стави вето за свадбата.
Според чинот за кралските венчавки од 1772 година, правото на вето е на важечкиот монарх, кој има право да дозволува бракот на наследници на престолот до шест кандидати.
Се забележува дека Меган веќе добила “зелено светло” од принцот Чарлс. Следниот чекор е одобрување на бабата на принцот Хари.
Односите на Хари и Меган се развиваат доста побрзо отколку на војводата и војвотката од Кембриџ. Кејт не се беше сретнала лично со кралицата до 2008 година, кога беше официјално нејзиното претставување, иако веќе била девојка на Вилијам 5 години.
Принцот Хари и Меган Маркел се заедно речиси година. Деновиве стана јасно дека Меган сосема е подготвена да го промени својот живот, за да биде со нејзиниот сакан маж. Таа може и да ја напушти својата актерска кариера и да се зафати со добротворни акции што се смета за поважна работа.