Соланж ќе се претстави во “Гугенхајм“

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Пејачката Соланж Ноус планира да се претстави во њујоршкиот музеј “Гугенхајм” во локација за уникатен тип перформанси. Тоа ќе биде дел од овогодинешниот фестивал “Ред Бул Мјузик академија” на 18 мај. Сестрата на Бијонсе има намера да стане ротондата на светски познатиот музеј во сцена на која ќе ги претстави темите од албумот “Место на масата” (A Seat at the Table) преку “движење, арт инсталации и експерименталност при реконструкција на музички аранжмани”.

Во рамките на фестивалот, кој ќе се одржи меѓу 29 април и 21 мај, хаус диџејот “Мудимен” ќе направи и посебен трибјут на Принс.