
Специјалното јавно обвинителство, невообичаено, денешната прес-конференција ја најави со загатка. „Транспортер носи тотал триста табли кај Тифани“. Е текстот со кој на Фејсбук страната на СЈО беше најавена конференцијата за новинари.

Невообичаената најава ја заинтригира јавноста.
Сите досегашни случаи кои ги отвори СЈО започнуваа на буквата Т:
Таргет, Титаник, Тортура, ТНТ, Транспортер, Тврдина, Трезор, Топлик, Тендери, Тарифа, Тенк и Труст. Вкупно 12 на број. Во нив, осомничени и обвинети се десетици актуелни и поранешни државни, локални и партиски функционери и бизнисмени.
Погледнете го решението на загатката во ЖИВО од прес конференцијата во СЈО:
линк видео А1он.мк