Нови две лица биле уапсени во врска со терористичкиот напад од средата во британската престолнина Лондон, соопшти денеска полицијата , пренесува агенцијата AFP.

Органите на редот исто така го идентификуваа напаѓачот како Адријан Расел и ја повикаа јавноста да сподели некои информации за него, ако има. “Направивме два дополнителни притвори во текот на ноќта”, изјави командантот на антитерористичката единица Марк Роули. Тој прецизира дека, откако една жена била ослободена, во моментов во притвор има вкупно девет лица во врска со случајот со терористичкиот акт.