Чанинг Тејтум и Џозеф Гордон-Левит ќе бидат партнери во музичка комедија

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Двајцата актери Чанинг Тејтум и Џозеф Гордон-Левит ќе бидат партнери во нова комедија …. и тоа музичка. Ова го соопшти денеска таблоидот “Варајати”.

По првичните информации дејствата ќе се вртат околу хумористични авантури на двајца пилоти кои несреќно слетуваат во градот на гревот, Лас Вегас.

Во моментов не се знае кога ќе започнат снимањата, бидејќи Чанинг е на пат да се зафати со акциониот-трилер Triple Frontier, во кој игра рамо до рамо со Том Харди.