Американската пејачка и актерка Лола Олбрајт почина во четвртокот вечер во својот дом во Толука Лејк, Калифорнија.
Ова го соопшти нејзиниот близок Ерик Андерсон, пренесе “Контакт мјузик”.
“Таа си замина во 7:20 часот утрото на 23 март од природна смрт. Ја сакавме многу и ќе ни недостасува “, изјави тој.
Лола е родена на 20 јули 1924 година во Охајо. Своето деби во киното прави во 1947 година. Во долгогодишната кариера одигра над 20 улоги, меѓу кои во филмови како “Шампион” (1949), “Малиот Галахад” (1962), “Мачките” (1964) и “Патот на Запад “(1967).
Таа е добитник на Сребрена мечка на Берлинскиот филмски фестивал за најдобра актерка во 1966 година. Освен во кино, убавицата се снима и во телевизиски серии како “Алфред Хичкок претставува”, “Кожа”, “Коломбо”, “Старски и Хач” и многу други. Во 1957 година го сними својот прв музички албум.
Лола Обрајт се мажи три пати, а сите нејзини бракови завршуваат со развод.