Moдернистичка копија на крилат бик уништен од ИД ќе биде изложена во Лондон

од Vladimir Zorba
63 прегледи

Статуа на древен асирски крилат бик, уништена од борци на Исламска држава во 2015 година, ќе биде пресоздена од празни лименки од ирачки сируп од урми и ќе биде изложена на плоштадот “Трафалгар” во Лондон, пренесува Artprice. Делото на американскиот скулптор Мајкл Ракоуиц ќе се појави на плоштадот во 2018 година. Крилатиот бик стоел крај портата Нергал во град Ниневија, Ирак од 700 година п.н.е. до уништувањето од ИД во 2015 година заедно со други древни слики од музејот во Мосул.

Модернистичката реплика на статуата, дело на Ракоуиц има за цел да ги потсети за жртвите на војната – човековите и оние во културна смисла. Мултикултурната карта на Лондон го прави особено добро место за изложување на таков тип дела.

Статуата ќе ја замени досега издигнатата на “Трафалгар” статуа од Британецот Дејвид Шрингли, претставува монументалниот црн палец. Веќе десет години американскиот скулптор се занимава со реконструкција на дела, разурнати од Втората ирачка војна во 2003 година и особено по појавата на Исламската држава. Досега Ракоуиц и неговиот тим успеале да ги обноват близу 600 од вкупно 7.000-те исчезнати експонати од Националниот музеј на Ирак во Багдад.