Приказна за ѕвездите и иднината

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Секој од нас сака да знае што го чека во иднината. Правиме планови, понекогаш се плашиме од нив и ги пропуштаме вистински важните работи во сегашноста. Загриженоста за она што нè очекува секогаш се оправдувања и се причина да дозволиме грешки.
Денеска споделуваме една поучна приказна која ќе ве потсети зошто не треба да се фокусирате толку многу врз иднината.

Во едно село живеел маж кој верувал дека може да се предвиди судбината, гледајќи ги ѕвездите. Се нарекувал себе си астролог и поминувал долго време ноќе гледајќи по ѕвездите во убавото ноќно небо. Една вечер решил да се прошета по широкиот пат надвор од селото. Одел и не престанал да го гледа ѕвезденото небо.

За момент си помислил дека го видел крајот на светот, кога ненадејно паднал во длабока дупка полна со кал и вода. Едвај успеал да ја задржи својата глава над калта, а секој обид да се извлечат од дупката бил неуспешен.

Почнал да вика за помош. За негова среќа соселани го чуле и го извлекле од дупката. Тогаш едниот од нив го прашал:
– Како така гледајќи ги ѕвездите можеш да предвидиш иднината, а не си успеал да видиш што се наоѓа пред твоите нозе? Тоа можеби е важна лекција за тебе да почнеш да посветуваш поголемо внимание на она што е пред тебе и да ја оставиш иднината сама да се погрижи за останатото. Која е користа од тоа да ја предвидуваш иднината со помош на ѕвездите, кога не си во состојба да видиш што има сега тука на земјата?

Наравоучение: Обрни внимание на она што ти се случува секој ден, на деталите и малите нешта. Останатите ќе се случат кога ќе им дојде времето.