Демонстрантите се обиделе да  ги спречат полицајците да го стават во полициски џип  и да го одведат  во  притвор. Протестот имал за цел да повика на борба против корупцијата и оставката на рускиот премиер Дмитриј Медведев .

Навални е познат со кампања за борба против корупцијата на високо ниво на власта во Русија и особено во Кремљ.

Тој нема право да се кандидира за претседател против Владимир Путин на изборите следната година, откако беше прогласен за виновен во судски процес, кој според него бил смислен , монтиран и политизиран.

 

Во публикација во својот  профил на “Твитер” по апсењето тој  ги повика демонстрантите да продолжат со демонстрациите .

“Луѓе, јас сум добро. Нема потреба да се борите за да ме извадете . Одете по улиците   . Нашата тема на денот е борбата против корупцијата”, напиша тој.

Неколку десетици други учесници во протести исто биле уапсени .

Денешните демонстрации се едни од најголемите координирани манифестации на незадоволство по масовните протести пред 2011-2012 година.

Навални соопшти дека над 80 градови во Русија протестираат денес.

Во многу градови, вклучувајќи Москва, протестите не беа дозволени од локалните власти.