„Демистификација на меѓуетничките конфликти“ – проект на невладината АГТИС во Прилеп

од Vladimir Zorba
285 прегледи

Невладината организација АГТИС викендов во Прилеп спроведе обука за намалување на меѓуетничките конфликти кај средношколската младина во Македонија, насловена како „Демистификација на меѓуетничките конфликти“.

Средношколците од овој град се обучуваа да развијат вештини за општествено известување во форма на граѓанско новинарство.

„Средношколците учеа како да препознаат политичка манипулација во јавноста и средните училишта и околу нив, како превентивно да делуваат против евентуално меѓуетничко насилие и како сето тоа да го претстават на јавноста, институциите и на социјалните медиуми. Се разбира, тоа беше поврзано и со актуелната општествена ситуација кај нас и со нејзината демистификација.“ – изјави Александар Цветкоски од АГТИС.

Гости и предавачи на обуката беа професорот на Универзитетот од Југоисточна Европа во Тетово и аналитичар Сефер Тахири и новинарите Горан Величковски и Божидар Барлакоски. Проектот е финансиран од Американската амбасада, во реализација на невладините организации АГТИС, ИРЗ, АДИ, МКЦ, Зенит и Мултиетникум.

Слични содржини