Туризам во Европа: Кои се најевтините градови во Европа

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Туристите кои сакаат да одмораат по поволни цени, треба да се упатат кон Кипар, станува јасно од податоците на истражувањето.

Пафос, кој се наоѓа на југозападниот брег на островот е најевтиниот од сите 36 европски градови кои се вклучени во извештајот. Тој е дело на Post Office Travel Money и предвид ги зема трошоците за 2 ноќевања, превоз меѓу аеродромот и центарот на градот, вечера за двајца и најава за најпознатите знаменитости.

Во Пафос потребната сума за тоа е 138 фунти, следена од Вилнус во Литванија со 140 фунти, Рига, Литванија и Варшава, Полска, каде што цената е соодветно 150 и 154 фунти.

За самостојно сместување Рига е најевтината опција меѓу сите европски градови според податоците на истражувањето, а две ноќевања чинат само 54 фунти.

Лисабон во Португалија е најевтиниот град во Западна Европа – 162 фунти, а Атина Грција (191 фунти) и Палма де Мајорка (196 фунти) заземаат места во рангирањето.

Во спротивната листа најскап град во Европа меѓу оние кои се вклучени во студијата, се испоставува Амстердам со цената од 262 фунти за две ноќевања.

Сепак меѓу најскапите места во цела Европа се испоставува Стокхолм во Шведска – 457 фунти.

Еве и листа со топ 10 најевтини европски градови според Post Office Travel Money:

1. Пафос, Кипар

2. Вилнус во Литванија

3. Рига, Литванија

4. Варшава, Полска

5. Будимпешта, Унгарија

6. Краков, Полска

7. Лисабон, Португалија

8. Прага, Чешка

9. Атина, Грција

10. Палма де Мајорка