Конечно и антологија на македонскиот расказ за деца

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Во издание на „Силсонс“ е објавена  антологија на македонскиот расказ за деца, во која се застапени триесет и девет раскази од македонски писатели од повеќе генерации.

Приредувачот на ова дело, Раде Силјан, на уводните страници застапува раскази од Марко Цепенков, Ангелко Крстиќ, Стојан Христов, Антон Попов и Кочо Рацин, со што нуди широка слика за овој жанр во македонската литература.

Во вториот дел посебен акцент става на творештвото на авторите, кои творечки се реализираа во втората половина на 20 век. Застапени се раскази од Ванчо Николески, Славко Јаневски, Блаже Конески, Глигор Поповски, Томе Арсовски, Цане Андреевски, Владимир Костов, Видое Подгорец, Бошко Смаќовски, Оливера Николова, Киро Донев, Велко Неделковски, Владо Димовски и други.