Миленко не е единствен, и О`Нил верува дека Земјата е плоча

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Поранешната кошаркарска легенда O’Нил, кој во 2012. година докторираше на флоридскиот универзитет Бери, неодамна ги шокираше своите обожаватели со ставот дека Земјата е рамна. Таквиот коментар се најде на The Big Podcast, која е емисија од хумористичен и опуштен карактер, а со тоа се надеваме дека станува збор за шега.

 

Ставот на доктор О’Нил е само продолжение на јавната расправа околу оваа апсурдна теорија. Имено, бројни ѕвезди од светот на спортот, но и шоу-бизнисот го запрепастија светот со своите ставови на оваа тема. Меѓу нив се најдоа и НБА момците Кари Ирвинг од Кливленд, Вилсон Чендлер од Денвер Нагетс и Дрејмонд Грин од Голден Стејт, кои се сложуваат со теоријата дека нашата планета е рамна плоча.

Минатата година беше актуелен медиумскиот двобој на оваа тема помеѓу славниот астрофизичар Нил ДеГрас Тајсон и американскиот рапер Боби Реј Симонс (B.o.B), околу проблематиката на обликот на Земјата.

 

Раперот на својот Twitter профил тврдеше дека Земјата е рамна плоча бидејќи тој никаде не видел никаква кривина која би го докажала спротивното. По твитот, Тајсон го обвини B.o.B за ширење дезинформации кои би можеле да бидат опасни, со обѕир на тоа дека пејачот има влијание врз многу луѓе.

Допринесот на Шекил О’Нил на оваа тема, исто така е непроценлив:

“Вистина е. Земјата е рамна. Има три начини на контролирање на умот – она што го читате, она што го гледате и она што го слушате. На училиште, она што прво нè учат е дека Колумбо ја открил Америка. Но, кога тој дошол таму, местото било веќе населено со темнокожи луѓе кои пушеле луле на мирот. Што Ви кажува тоа? Дека Колумбо не ја открил Америка. Слушајте, се возам од брег до брег, и мене сè ми изгледа рамно. Само кажувам како што е. Редовно се возам од Флорида до Калифорнија, сè е рамно. Не одам горе-долу под агол од 360 степени, и сите тие работи околу гравитацијата. Сакате да кажете дека Кина е под нас? Кина е под нас?! Не е. Светот е рамен” – вели О’Нил во шоуто.

Се надеваме дека погрешно го протолкувавме неговиот хумор.