Синот на Мадона станува модел за Адидас

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Роко Ричи, 16-годишниот син на Мадона и Гај Ричи, го склучи првиот договор како модел. Момчето ќе учествува во презентацијата на модната линија на “Адидас” и Александар Ванг за сезоната пролет 2017. На една од фотографиите за кампањата младиот Роко е облечен со зелен џемпер, син спортски долен дел и сиви чевли. На друга тој е облечен во црна долго јакна и кафени чевли.

Колекцијата од 84 делови, која синот на Мадона ја претставува е унисекс и претставува комбинација меѓу модата и уличниот начин на облекување. Таа ќе е достапна во продавниците од 1 април до 15 април.

Неодамна односот на Роко и мајка му влезе во медиумите, откако на крајот на 2015 година, тој одби да се врати кај мајка си во Њујорк и наместо тоа остана во Лондон со својот татко. Тој живее заедно со Гај Ричи откако во 2016 година заедно со Мадона ја завршија судската битка за старателство.