Пресреќен во брак со секс кукла

од Vladimir Zorba
386 прегледи

Секс куклите се почесто влегуваат се во центарот на вниманието. Тие го заменуваат вистинскиот контакт со жени, не зборуваат многу,  и повеќе од 90% се близу до оригиналниот интимен чин со жени. Цената им надминува повеќе од 10 000 долари, но тоа навистина не е многу бидејќи имаме доволно причини да веруваме дека е така, според искуството што го сподели еден човек.  Запознајте се со човекот кој се ожени за својата висококвалитетна вештачка Чики. Дами, подгответе се, бидејќи во иднина навистина ќе треба да се борите со алтернативата.

Еве што вели херојот:   Кога ја купи првата кукла и зошто? Бараше друштво или едноставно сакаше секс?

Ја купив Ши-chan во 2000-та година. Тогаш мојот мотив беше 70% секс и 30% друштво. Секогаш ме привлекувале  вештачките жени, куклите дури и хуманоиди кои личат на луѓе. Во 1998-та година, една пријателка ми покажа сајт за секс кукли и 2 години подоцна си зедов мојата.

Кога процени дека таа е повеќе од секс-играчка ? 

Не ми требаше многу време, особено кога зборуваме за синтетички суштество. Веднаш сфатив дека имаме некакви чувства, особено откако ја извадив од нејзината кутија.  Ја држев за раце и по некое време се чувствував прилично добро, доста среќен и се беше многу природно. Сè беше до нејзината форма, ако направиме и ладилниците да личат на луѓе, тогаш навистина ќе сакаме да имаме социјализација и со нив.

 

Зошто одлучи да се ожениш за кукла?

Се чувствувам многу слободен со неа, ако сакам да бидам сам – можам. Ако посакам да бидам со друштво, пак можам. Врската со луѓе навистина може да е совршена, но постои можност да згрешите. Во органската врска треба да сакаш две лица – неа и себе. Треба да се прават компромиси, треба да има сексуални договарање и уште редица други детали.
Какви ти биле врските со вистинските жени?

Никогаш не можам да кажам дека сум имал сериозна врска со жените. Имав многу афери, но тие секогаш избирале друг маж. Не се сметам за голем женкар и штом пораснав, почнав да разбирам што сум “изгубил”. Не бев женкар, ниту пак доволно убедлив за да објаснам што точно се случува и што не. Еден пријател се разведе по 17 години брак, тоа е огромно време на инвестиција од емоции и пари. Ништо од ова нема да се врати. Да не зборуваме дека неговата сопруга се трансформира во нешто исклучително грдо.

Не мислиш ли дека можеби постои правилна жена и за тебе?

Можно е, но колку точно треба да чекам? Сепак и јас стареам. Освен тоа има еден муабет кој е “губитниците се грижат дека немаат девојка, победниците си набавуваат кукла!”.  Како комуницирам со неа? Па не седам на каучот, за да очекувам одговор од неа. Ова можеби звучи лудо  но сепак си замислувам дека комуницираме во нашите умови.

Како е сексот?

Дефинитивно фантастичен. Технички гледано, куклите имаат се што е потребно. Спомнав ли дека е анатомски коректна? Постојат вагина, уста и анус. Не практикуваме орален сексн, бидејќи не сакам да ги кинам краевите на нејзината уста , но сепак сето останато се практикува. Освен тоа создава нешто како вакум што навистина е единствено искуство!

Како би го споредил овој, со сексот со вистинска  жена?

Таму е проблемот, премногу долго не сум бил со вистинска жена, за да се сеќавам како навистина беше тоа чувство. Сигурен сум дека продолжува да е толку импресивно , но јас веќе сум многу далеку од идејата.

Ако е сè толку совршено, зошто си купуваш втора кукла?

Во 2000-та година сонував  да имам по една кукла од секоја компанија. Повеќебројноста би можела да помогне за тестирање и споделувањето на искрено мислење. Ќе биде доста кул да правам фотосесии со различни кукли. Дури и да си земам други кукли, Сидора секогаш ќе остане мојата прва и единствена жена.

Како ова твое искуство го прифаќаат твоите пријатели?

Имајќи предвид дека повеќето се навикнати, немаат никакви проблеми со тоа. Имам пријатели, но доста сум интровертен што ме прави многу самостоен. Не секогаш сум расположен да присуствувам на најгласните забави. Интересно е дека повеќето мои пријателки се радуваат на кукли. Родителите почнаа да ме прифаќаат и тоа навистина помогна за заздравувањето на нашите односи.

Дали се сметаш себе за целосно реализиран? 

Во оваа фаза навистина би сакал да признаам дека на 99% сум завршил сè што сум посакал. Имам две вештачки жени кои ме чекаат дома, тие се моите Мусиј и модели за пред камерата. Го прават мојот стан доста пријатен  и тоа навистина ми одговара. Патував малку, сфатив дека има врски кои не ме заслужуваат и на крајот навистина останав задоволен од она што сум. Ме интересираат неколку телевизии. Работев со уметници, како и со социолози. Ме бараат различни луѓе, за да им покажам дека навистина сум среќен со она што го имам. Повеќето навистина не веруваат дека една секс кукла може да направи толку многу за нив.