“Надворешно религиозните” луѓе се плашат од смртта повеќе отколку верниците. Под надворешна религиозност научниците подразбираат однесување мотивирано од прагматични причини – на пример социјални придобивки од верската припадност.

Ова го тврдат истражувачите од Оксфордскиот и Мелбрунскиот универзитет што го изучуваат стравот од смртта кај атеистите, верниците и силно религиозните луѓе и дојдоа до интересни заклучоци. Психолозите анализирале 100 научни статии објавени од 1961 до 2014 година, во кои се содржат информации за односот кон смртта на 26 000 луѓе.
Обединувајќи податоците, научниците дошле до заклучок дека на највисоко ниво на религиозност е поврзано со пониско ниво на стравот од смртта, пренесува порталот Phis.org. Освен тоа психолозите откриле дека 18% од луѓето кои се сметаат за верници, се плашат повеќе од смртта отколку атеистите. Сликата се покажува уште шарени – повеќе од половина изучени информации воопшто не покажува поврзаност меѓу религиозноста и стравот од смртта. Истражувањето опфатило само луѓе од САД и дел од Блискиот Исток, поради тоа е тешко да се оцени како резултатите се условени од културни и религиозни традиции. Според ова, психолозите се сомневаат дека само религиозните луѓе не се плашат од смртта. Атеистите кои едноставно не се плашат да умрат, не доживуваат потреба од спасение во религијата.