Нападнат е полскиот конзулат во западниот украински град Луцк , пријавија локалните медиуми, повикувајќи се на сведоци, пренесе Ројтерс.

Нанесени се погодоци по покривот на конзулатот , како и прозорците.

Инцидентот се случил околу полноќ , според интернет страницата Волин24.

Нема повредени.

Од Волин24 укажуваат дека кон зградата е стрелано со ракетен фрлач или друго тешко оружје.

Вицеконсулот Кшиштоф Савицки потврди дека е стрелано врз зградата на конзулатот, но за среќа немало луѓе во ова крило.