Претседатели на Европскиот парламент го одобрија предлогот за резолуција, изготвена од претседателите на четири политички групи и парламентарната Комисија за уставни прашања, соопштија од прес-службата на ЕП.

Во проектот на резолуцијата тие ги посочуваат услови за одобрување на договорот за повлекување на Велика Британија од ЕУ. Проектот за резолуција ќе биде разгледан и усвоен на пленарна сала следната среда, пишува Канал 3.
Нацртот придава големо значење на правичниот однос кон граѓаните на 27-те земји од ЕУ во Велика Британија и ја нагласува потребата од реципроцитет и недискриминација кон Британците кои живеат во ЕУ, и Европејците во Велика Британија.
Велика Британија ќе ги задржи правата на земја од ЕУ до конечното напуштање на Заедницата, но треба да продолжи да ги исполнува обврските кои произлегуваат од договорите за ЕУ, вклучувајќи финансиските обврски по долгорочниот буџет на Заедницата, дури и кога тој продолжува да важи и по нејзиното повлекување.
Ова исто така значи дека Велика Британија треба да продолжи до заминувањето да ги почитува четирите слободи, јурисдикцијата на Европскиот суд, вкупните придонеси кон заедничкиот буџет и да се придржува кон заедничката трговска политика. Се нагласува важноста на прашањето за границата меѓу Ирска и Северна Ирска.
Политичките групи во ЕП и парламентарната комисија за уставни прашања истакнаа дека не би било целесообразно ако Велика Британија започне преговори за можни трговски договори со други земји, пред да ја напушти ЕУ.
Европратениците очекуваат искрена соработка од страна на Лондон за прашања поврзани со законодавството на ЕУ и во други области до моментот на напуштање на ЕУ.
Билатералните договори меѓу Велика Британија и една или неколку од останатите земји од ЕУ, на пример во однос на финансиски институции со претставништва во Велика Британија, ќе бидат во спротивност со договорите за ЕУ. Во проектот на резолуцијата се наведува дека придобивките од членството во ЕУ не можат да бидат исти за земја која ја напушта Заедницата.
Идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија би можеле да бидат уредени со договор за асоцијација, пишува во предлогот, овластен од Манфред Вебер од ЕПП, Џани Питела од Сид, Ги Верхофстат од АЛДЕ и Филип Ламберт и Ска Келер од Зелените, како и од претседателот на парламентарната комисија за уставни прашања Данута Хубнер.
Таквиот договор ќе бара од Велика Британија да продолжи со почитување на европските стандарди во областа на животната средина, климатските промени, борбата против даночното затајување, лојална конкуренција, трговијата и социјална политика.
Според ЕП е можно да се дадат преодни аранжмани врз основа на можните идни односи меѓу Лондон и ЕУ, но само ако е постигне напредок во договорот за напуштање.
Идниот договор би можело да биде склучен, само и единствено по конечното напуштање на Велика Британија, а преодна спогодба не би можела да важи повеќе од три години.