Храна која помага против алергии

од Vladimir Zorba
1,8K прегледи

Во денешно време медицината познава бројни алергии – кон прашина, храна, пијалаци, животни и други супстанции од животната средина, со кои имаме допир. Обично настанот на алергија е минлив чин и поминува брзо. Непријатните симптоми можат да се лекуваат преку различни методи, но има и храна која влијае на општата состојба на организмот и би можела да олесни некои симптоми. foodpanda, избра дел од нив.

Кромид, пиперки, магдонос. Сите тие содржат кверцетин кој е природнa растителнa хемикалија и ги намалува хистамините, кои се дел од алергиски реакции.

Киви – дел од плодовите, со богата содржина на витамин Ц. А, целите цитруси и овошјето со многу витамин Ц го ограничуваат хистаминот.

Ананас – Содржи ензим наречен бромелин кој ја намалува иритацијата и алергиски реакции.

Туна, лосос, скуша и сè што содржи Омега-3. Студија во Јапонија покажа дека жените кои јадат повеќе риба имаат послаби манифестации на поленска треска, позната како алергиски ринитис.

Кефир – Содржи пробиотици. Тие се добри за целокупниот организам и бактериите кои живеат во цревата.

Киселата зелка и кимчите исто така добри извори на пробиотик.

Мед – Мала количина мед може да помогне за совладување на некои алергии.