Војвотката на Кембриџ Кејт Мидлтон се појави сама на гала во Националниот портрет Галерија во Лондон.

Сепак таа изгледаше неверојатно елегантна во фустан од чипка во смарагдово зелена боја , пренесоа медиумите . Во галеријата Кејт Мидлтон разговараше со гостите, меѓу кои беа и родителите на децата со кои принцот Џорџ ќе учи во септември.
Пред неколку дена беше објавено дека од септември принцот Џорџ ќе го посетува приватното училиште “Томас” во Батрси, Лондон.
Пред останатите родители војвотката на Кембриџ, изјави дека не е сигурна дека принцот Џорџ има идеја што го очекува кога тргне на училиште.