Џон Леџенд одржа мини концерт на метро станица во Лондон (видео)

од Vladimir Zorba
117 прегледи

 

Музичката ѕвезда Џон Леџенд ги изненади фановите во Лондон, кога без никаква најава оддржа концерт на метро станицата „Сент Панкрас“.

Леџенд, кој е добитник на повеќе Греми награди, седејќи на пијано ги „почести“ патниците во Лондон со неколку од неговите најголеми хитови, како „Ordinary People“ и „All of me“.

Минувачите беа воодушевени, а некои во неверица извикуваа „па дали е ова е возможно“.

Неколку моменти пред да се појави на станицата, Џон на Твитер објави дека пристигнува во Лондон

https://youtu.be/jFRIGKndC1I