Блокирана сметката и на Миленко Неделковски

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Покрај Ивона Талевска, блокада на сметката веќе подолго време има и Миленко Неделковски, објави „Фокус“.

milenko-nedelkovski-D-Andon

Поточно, неодамна адвокатот на новинарот Борјан Јовановски се обидел да наплати долг од Неделковски, но не успеал бидејќи извршителот му појаснил дека неговата сметка е блокирана. Јовановски го тужел Неделковски за клевета и навреда, а судот пресудил во корист нс тужителот. Па така, Неделковски на Јовановски требало да му исплати 40.000 денари отштета, а околу 50.000 денари на неговиот адвокат за процесни трошоци.

По правосилноста на пресудата Неделковски имал рок од 15 дена доброволн да ги подмири трошоците, но бидејќи не го сторил тоа адвокатот на Јовановски го дал на извршител, кој ги информирал дека сметката е блокирана.