Европската унија наведе стратегија за преговорите за излегувањето на Велика Британија од Заедницата, која претпоставува дека преговорите за трговски договор можат да започнат, дури откако биде постигнат “доволен напредок” по решавањето на разводот со Обединетото Кралство.

Насоките пуштени во оптек од претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, се прогласуваат за ” фазен пристап” во преговорите .

Проектот со насоки ќе биде испратен на 27-те земји членки на ЕУ за одобрување . Тие ќе зададат тони на две годишни преговори.

Проектот со насоки, виден од ББС, повикува на “фазен пристап, давајќи предност на уредно повлекување”.

Говорејќи на прес-конференција во Малта, Туск изјави дека иако преговорите несомнено ќе бидат тешки, тој се надевал сите земји ќе пристапат кон нив со позитивen однос   .

“Европската унија на 27-те земји членки нема да го гони сo кривичен пристап – Брекзит сам по себе е веќе доволно кривичен”, истакна Туск.

 Водечките фигури во ЕУ истакнуваат дека Велика Британија мора прво да договори условите по излегувањето од Заедницата пред преговорите да можат да се насочат кон идните односи меѓу двете земји. Лондон повика на истовремени преговори .

Британскиот премиер Тереза ​​Меј официјално ја активира постапката за Брекзит во средата, испраќајќи писмо на Брисел.

Доналд Туск, се очекува да го објави  проектот за насоки на 27-те земји членки на ЕУ

Европскиот совет планирал да ги објави насоките на својот  сајт веднаш, но ББС дознале дека две земји членки на ЕУ се спротивставиле , и тоа било запрено.

Насоките содржат извод на принципите и влегуваат во некои детали во врска со тоа како ЕУ планира да бидат структурирани преговорите.

Тоа значи следново:

– Почетен преговори во текот на неколку месеци по разводот – широк договор за условите на разделбата.

– Потоа неколку месеци на преговори за формат на идното трговско партнерство.

– И конечно – веројатно најтешкиот фаза – преговори за транзицијата меѓу полноправно членство сега и целосно нови односи во иднина.

 

ЕУ исто така се фокусира на обезбедување на правата на граѓаните во Велика Британија. Решавањето на финансиските сметки на Велика Британија со Брисел, за кои  евролидерите очекуваат да изнесува повеќе од 60 милијарди евра.

Условите по излегувањето ќе бидат тешки за договарање, бидејќи тие ќе вклучуваат теми на кои во Велика Британија се водат тешки спорови, вклучително и слободата на движење на луѓе и улогата на Судот на Европската унија.