10 годишното Ферари на Трамп на аукција

од Vladimir Zorba
149 прегледи

10-годишното јако црвено “Ферари”, припаѓало на милијардерот и актуелен претседател на САД, Доналд Трамп, ќе биде предложено на аукција оваа сабота. Се очекува неговата цена да достигне четвртина милион долари. Луксузниот автомобил модел F430 од 2007 година веќе собира интересни погледи во Конгресниот центар во Форд Лодердејл, на север од Мајами.

Во моментов таа е дел од колекцијата егзотични автомобили кои аукциската куќа “Окшанс Америка” ги нуди. Според организаторите на аукцијата, луксузното возило е можеби најскапиот автомобил кој американскиот претседател го поседувал некогаш.

Трамп, заработувајќи милијарди преку бизнисот со недвижнини, го купи “Ферарито” уште во 2007 година со излегувањето на пазарот и бил негов сопственик во текот на 4 години. Тој поминал со автомобилот само 2400 милји пред таа да биде купена од овој сопственик, кој во моментот е анонимно лице.