Вучиќ е апсолутен победник, но засега нема официјално дали ќе има втор круг

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Александар Вучиќ е убедливо прв со над 55,8 , а по него се Саша Јанковиќ  16,2 и Бели Прелетачевиќ 10 и Вук Јеремиќ со 5,2 проценти , и пети Воислав Шешељ 4,6, на 70 проценти обработени податоци.

 

Во 20 часот беа затворени гласачките места во Србија и со тоа заврши и гласањето за нов претседател. Точната излезност сѐ уште не се знае, но таа е дефинитивно помала од изборите пред пет години. До 19 часот излегле 49,8 отсто од гласачите, што е за 3,8 отсто помалку од претходните избори за претседател. Српските медиуми јавуваат дека е тешко да се надомести разликата за еден час, но излезноста сепак е над 50 отсто.

Според ЦЕСИТ нема резерва за победата на Александар Вучиќ. Тој  е убедливо прв со над 55,8, а по него се Саша Јанковиќ  16,2 и Бели Прелетачевиќ 10 и Вук Јеремиќ со 5,2 проценти , и тие не очекуваат плус минус еден процент промена на резултатите, н она што е сигурно дека Вучиќ е победник.

Годинешните избори ги карактеризира и фактот што со својата кандидатура Александар Вучиќ го испрати во пензија шефот на државата Томислав Николиќ, кој остана без поддршка во Српската напредна партија. Николиќ, по истекот на мандатот на 31 мај, најави повлекување во пензија, „но не политичка“, а на Вучиќ му порача дека „секогаш знае каде да го најде“ доколку му треба помош.

Воислав Шешељ кој што е 5. на листите бил длабоко разочаран и го напуштил штабот и не сака да комуницира со јавноста.