National Interest: Новата руска подморница “Казан” е најстрашниот противник на Морнарицата на САД

од desk2
89 прегледи

Атомската подморница “Казан” од проектот 885М “Јасен-М”, која беше спуштена во вода кон крајот на март месец, е вистинска ноќна морае за морнарицата на САД, смета коментаторот на National Interest Дејв Маџумдар.

Тој е убеден дека таков противникот како што е “Казан”, американските ВМС не се сретнале никогаш порано. “Таа е најстрашниот противнки со кој некогаш се сретнала нашата флота”, забележува коментаторот.

Неговото мислење го дели и научниот соработник на Центарот за поморски анализи Мајкл Кофман.
“Ова е најодржлива нуклеарна подморница, која нашиот потенцијален противник некогаш ја е создал.

Подморницата од проектот 885M е прва во својата класа “, забележува експертот.
” Казан “се разликува од своите претходници со современа електронска опрема, подобрена конструкција на куќиштето, нови торпедни апарати и надградени лансери за истрелување на ракети” калибар “и” оникс “.

Освен тоа во подморниците од проектот 885М целосно е реализиран повеќенаменскиот принцип – тие се способни да уништуваат не само надводни туку и подводни цели, но и објекти на копно, забележува РИА Новости.

Маџумдар претпоставува дека Русите ќе ја користат нова подморница пред сè: за лов на американски стратешки подморници “.” Надвор од секое сомневање, е дека Русите имаат доволно искуство во создавањето на слични смртоносни подморници “, забележува во заклучокот авторот на анализата.