Започна големата игра кој да го заземе и да ја врати Ракка

од desk2
68 прегледи

Пристапот на новата американска администрација спрема Сирија е повеќе од воен отколку политички. Генералите околу Трамп се интересираа повеќе од настаните на фронтот, отколку од политичкиот и хуманитарниот аспект на кризата. Пентагон истакна три приоритета: разбивање на ИД, намалување на влијанието на Иран и заштита на безбедноста на Израел. Што се однесува до политичкиот процес и идеите околу “политичката транзиција” кон демократија, тие останаа во заден план.

Со тоа се објаснува отсуството на специјалниот пратеник на Вашингтон во Сирија Мајкл Ратни од редниот круг на сириските преговори во Женева. Самиот Ратни не го крие задоволството, откако претходниот претседател Обама го беше пратил да преговара со Русите без никакви адути кои ги поддржуваат идеите за транзиција на тогашниот државен секретар Кери.

Судир на понуди
Сојузниците на САД во регионот забележаа навремено дека новиот приоритет на Вашингтон – имено е поразот на ДАИШ или “Исламска држава”. Ова ги објаснува зачестените предлози за помош за заземањето на главниот град Ракка. Според едно од нив, за целта треба да бидат распоредени до 20 илјади војници од арапските држави, кои ќе состават силите на коалицијата на чело со САД. Слично координирање на напорите требало да придонесе и за избегнување појава на тензии меѓу Курдите и локални Арапи.

Потоа, велат приврзаниците на овој план, Ракка ќе стане регионален модел за управување на териториите кои се покажале надвор од контролата на Дамаск. Арапските престолнини исто така ветуваат дека ќе учествуваат со милијарди долари во реконструкција на Ракка. На таков начин така требало да се избегне судбината на градот Кобани, ослободен од ДАИШ, но подоцна доразрушен и се уште чека на идните инвеститори. Покрај тоа, на таков начин престолнината на ДАИШ требало да избегне судбината на сириските градови, на кои сириската армија ја поврати контролата.
Слично е ситуацијата и во Ирак, каде ослободените од контролата на ДАИШ градови не се обновуваат, а населението не им се враќа во своите домови. Затоа арапските сојузници на Вашингтон нудат по ослободувањето на Ракка таму да биде составен локален совет под меѓународна заштита, кој потоа да преговара со Русите за идната позиција во рамките на Сирија.

Втората понуда дојде од Анкара. Турските служби и армијата им предложија на Вашингтон силите на “штитот на Еуфрат” да ја продолжат офанзивата од северната покраина на Алепо кон Манбиџи ал-Баб кон Табка и Ракка. Според планот, турските војници ќе ја заземаат оваа територија со дијаметар од околу 200 километри со помош на воздушна поддршка од меѓународната коалиција, која за возврат ќе продолжи да го користи за оваа намена турската база во Инџирлик. Овој пат се комбинира со друг можен зрак – имено, забрзан 100-километарски марш на поддржани од Турција сили на Слободната сириска армија до Ракка со почетна точка град Тел Абиад на сириско-турската граница. И двете опции се реални, под услов дека Вашингтон ќе помогне воа неутрализирање на курдските одреди за народна одбрана и ќе спречи нивното продирање на територијата на протурските сили.

Преференциите на Трамп

Од своја страна неодамна Вашингтон се обидуваше да го комбинира турскиот план со овој на Курдите, но Анкара одби да соработува со единицата за народна одбрана, бидејќи ги смета за терористи. Притоа Турција се мотивирани, тврдејќи дека ако Курдите предводат освојувањето против Ракка, тоа би довело до влошување на арапско-курдските односи. Сега Трамп направи конечниот избор, и се потпре на Демократските сириски сили, вклучувајќи како Арапи, така и Курдите од предметните одреди за народна одбрана. Планот на Пентагон предвидува Ракка да биде опкружена од три страни, а Курдите да продолжатр да бидат потпомогнати со тешко вооружување, кое започна уште во времето на Обама.

Во моментов во наредбата на предметните Демократски сириски сили им пристигаатт тенкови, оклопни транспортери и противвоздушни ракети. Воздушната стража на овие сили ќе се врши сооод хеликоптери “Апачи”. Заедно со ова, Трамп испрати уште 1.500 американски “специјални сили” во Сирија, кои ќе го поддржат почетокот на операцијата за заземањето на Ракка, која ќе започне на почетокот на април.

Официјални лица во Вашингтон сметаат дека силите на “штитот на Еуфрат” не можат да ги заменат Курдите, кои се покажаа како најефикасни во борбата против ДАИШ. Значи на нив ќе се потпира Трамп за ликвидирање на терористичката цитаделата. Сличен приод и грижи имаат и сојузниците на Америка во поголема мера отколку нејзините ривали. Во меѓувреме, претставниците на регионалните сили и на западните сојузници на Вашингтон се обидоа да го убедат Трамп дека ваквата тактика во перспектива ќе доведе до долгорочни негативни резултати.

Според висок политичар, цитиран од весникот во Лондон арабскиот весник “Ал-Хајат” вели дека има сличен пристап ќе доведе до поразот на ДАИШ и протерување на терористите од Ракка, но локалниот совет ќе биде слаб и ова ќе им овозможи на сириските владини сили да воспостават контрола врз градот, што би значело зајакнување позициите на Иран и Хезболах. Според истиот политичар, така ќе биде повторена грешката од регионот на север од Алепо, каде руската страна постигна договор за пренос на контролата врз селата меѓу гр.Манбиџ и гр. Ал-Баб од страна на Демократските сириски сили на владината армија единствено со цел сечење патот за офанзива на турскиот контингент од “штитот на Еуфрат”. Покрај тоа, руски воени формации беа инфилтрирани во курдскиот град Африн за да го бранат од “штитот на Еуфрат”. Со тоа Русија даде јасен знак на Турција дека “треба да се повлече од Сирија”.

Иран и играта со Израел

Така Анкара сфати одеднаш дека нејзината понуда за ослободување на Ракка е одбиена како од Русите, така и од Вашингтон. Оттука дојде и другата идеја – откако ЦИА и неговиот команден воен центар ја тргнаа протурската “Слободна сириска армија”, а Турција да ја поддржи мисијата за ослободување на Ракка, по забрзана обука на 5 илјади борци и нивното вооружување. На таков начин одред за народна заштита би се покажале меѓу два огнат – од страна на ДАИШ, како и на “Слободната сириска армија”.

Во меѓувреме се активирани три одделни фронта против Дамаск. Организацијата за ослободување на Сирија / Хаја Тахрир ал-шам, која ја вклучува и Фатах ал-шам или поранешната Џебел ал нусра, Ахрар ал-шам и Фејлак ар-Рахман, и тие одеднаш ги нападна источните квартови на Дамаск, со што ги потсети на неговите жители за настаните од 2013 година од своја страна предметната Организација за ослободување на Сирија / фстаци во сојуз со сириската слободна армија, кои беа напуштени од Вашингтон, и ги нападнат позициите на сириската армија во провинцијата Хама, со штосе доближија и до самиот град. Третиот фронт има повеќе симболично значење – бомбардирањето на градот Карден во провинцијата Латакија, смета упориште на режимот на Асад.

Во оваа серија на предизвици кон режимот на Асад треба да вклучиме и бомбардировките на израелската авијација на позиции во близина на Палмира, како и на градот Конејтра во Голанската Висорамнина, за кои се тврди дека се контролираат од Хизбулла. Сириската армија возврати со противавионски проектили. Значи ова стана првиот случај во кој Тел Авив официјално признава за сторениот напад, а Дамаск си дозволи да реагира на него. Овој инцидент ја принуди Москва да побара да се почитуваат “принципите на интеракцијата”, како и правилата по кои се одвива “жешка линија” меѓу Тел Авив и руската база во Хамејмим во Сирија.

Заклучокот е дека администрацијата Трамп не се интересира за политичкото решавање на кризата пред да зајакне воените позиции во оваа земја.