Неодамна канадската компанија “Минимал естејт хаус” која гради мали станови, го објави својот најнов проект. Интересниот развој се наоѓа во северноамериканскиот град Квебек и се вика “Сакура”.
Куќата е именувана по многу распространето розово-цветно дрвце, типично за јапонската култура.
Новата микро-куќичка располага со околу 40 квадратни метри површина. Има кујна, 2 спални, дневна соба, бања и тераса на покривот.
Цената на домот е околу 50 илјади долари и се тврди дека во него можат да живеат четири лица.
Модерното живеалиште е реализирано во пријатен спектар. Ентериерот на микродомот се потпира на контрастот помеѓу ореовата и белата граѓа, употребена за изградба на облогите. На овој начин е постигнат еден пријатен финиш, кој од своја страна стапнал на актуелната тенденција да се комбинираат во едно модерно, ретро и индустриски стил.
Подовите ја следат идејата за дом. Тој треба да изгледа еколошки и близок до природата. Поради тоа поодовите се главно со дрвени фурнири. Подот, се разбира, не е од дрво. Употребен е ламинат.
Ова живеалиште е мултифункционално. Секое катче има механизиран систем. На пример скалите за едната спална може да се прибираат во ѕидот, за да ослободат место за движење во дневната соба. Од друга страна самата спална е монтирана на push-механизам кој овозможува пристап до одделот за складирање со преградна структура. Дизајнерите се обиделе да го асимилираат секој агол и милиметар од овој дом. Може да се каже дека се справиле одлично.
Истражете го реткото живеалиште “Сакура” во нашата галерија.