СДСМ: Иванов да дојде при здрав разум и да не штети на државните интереси

од desk2
154 прегледи
По средбата на Иванов со првиот човек на Европската Унија Доналд Туск од СДСМ испратија писмено соопштение.
Оттаму велат со ваквото негово однесување, Иванов претставува директна закана за државните интереси на Република Македонија. Европа и светот гледаат дека однесувањето лично на Ѓорге Иванов не се заснова на демократски начелa –  затоа е таква и последната порака од лидерите и институциите на ЕУ, што во Македонија ја пренесе претседателот на европскиот совет, Доналд Туск, додаваат од СДСМ во нивното соопштение.