Трамп ја зголемува улогата на Пентагон во одлучувањето за воени акции

од desk2
76 прегледи

Недела по недела, страна по страна, Пентагон дискретно стекнува поголема улога во донесувањето на воени решенија, испраќајќи уште стотици војници во војна без речиси никакви јавни дебати и стремејќи се кон повеќе власт за борба против екстремистите на Блискиот Исток и Африка.

Минатата недела Сомалија беше на дневен ред, а претседателот Доналд Трамп и даде на армијата на САД повеќе власт за нанесување на напаѓачки воздушни напади против цели поврзани со Ал Каеда и нејзините борци. Оваа недела може да е Јемен, каде воените лидери сакаат да обезбедат поголема помош на Обединетите Арапски Емирати за битката против бунтовниците кои се поддржани од Иран. Се поставуваат важни одлуки за Ирак, Сирија и Авганистан – од отстранувањето на ограничувањата на бројот на војниците до олабавување на правилата од кои се раководат командантите на местото на настанот.

Промените во првите два месеци од владеењето на претседателот Доналд Трамп ја нагласуваат неговата подготвеност да му овозможи на Пентагон да раководи со своите секојдневни борбени дејства. При владата на Обама воените водачи беа лути од строгата контрола, која за командантите претставуваше кочница дури и да сакаат одобрение за рутински тактички решенија за цели и придвижување на персонал.
Делегирањето на повеќе власт на Пентагон – и пренесувањето на овластувањата за донесување одлуки за борбени дејства на офицери од понизок ранг – сепак носи своие воени и политички ризици. Жртвите – мирни жители и американски војници – може да бидат најголеми.
Се поголемото учество во битки против бунтовниците – од уличните борби кои се водат сега во Ирак, до тајните операции во Јемен и на други места,ја зголемува веројатноста од повеќе жртви меѓу американската војска. Слични трагедии можат да ја налути американската јавност и да создадат политички проблеми со Конгресот во момент кога Владата на Трамп се обидува да ја уништи “Исламска држава” во Ирак и Сирија и да ги прошири своите напори против слични групации.

Исто така, како што се овозможува на команданти од понизок ранг да донесуваат одлуки за воздушни напади во густо населените области како на улиците на ирачкиот град Мосул, така може да дојде до повеќе цивилни жртви. Армијата на САД веќе истражува неколку бомбардирања во Мосул во средината на март, во кои според очевидци биле убиени најмалку 100 лица. А таа размислува за нови тактики и мерки во позадината на докази кои сугерираат дека екстремистите тајно внесуваат мирни жители во згради и потоа излажани предводено од САД коалиција ги напаѓа.

Соработникот во Центарот за стратегиски и меѓународни студии Алис Хант Френд посочи уште еден проблем: “отцепувањето” на воените операции “од целокупната надворешна политика” може да ги алармира граѓанските лидери, така и армијата ранливи за ситуации кои излегуваат надвор од контрола.

“Политичките лидери можат да ја загубат контролата врз воените операции”, предупреди таа.
Високи воени лидери велат дека имаат потреба да можат да дејствуваат побрзо против непријателите на САД, и се цврсто поддржани од Трамп, кој ветува дека извршува поагресивни задачи врз исламските екстремисти и го споделува мислењето на лидерите на Пентагон дека строгата контрола ја притискаа владата на Обама врз воените операции, и ја ограничуваае ефикасноста.

Објаснувајќи го своето барање за поголема слобода на дејствување во Сомалија против борците на “Аш Шабаб”, началникот на Африканската команда на САД генерал Томас Уолдхозр рече пред Конгресот минатиот месец дека е потребна поголема флексибилност и “Навременост” во процесот на донесувањето одлуки.

Одлуката, одобрена од Трамп во средата, не е првото проширување на воените операции.
Министерството за одбрана дискретно го дуплира бројот на силите на САД во Сирија. Таа испраќа воени советници поблиску до линијата на фронтот во Ирак и отворено инсистира за повеќе војници во Авганистан.

Белата куќа евентуално предвидува оваа недела да разговара за обезбедување на помош во разузнавањето, појавување на гориво и други активности на ОАЕ во битката со бунтовниците хуси во Јемен, рекоа вработени кои не беа овластени да зборуваат за доверливи средби и посакаа анонимност.

Некои промени стануваат без многу врева. САД немаат голема желба да имаат значителни воени сили во Ирак и Сирија, но зголемувањето на бројот на војниците се врши постепено – со стотици, а не со илјадници.

Резултатот може да биде збунувачки за јавноста – Трамп не го отстранува наметнати од Обама ограничувања на бројот на војниците.

На овој начин лимитите од 503 војници за Сирија и 5262 за Ирак се уште се во сила.

Армијата сепак ги занемарува со одобрение на Белата куќа и користи постоечка веќе “дупка” за да се утврди испраќањето војници како привремени. На пример неколку стотини маринци и војници беа испратени неодамна во Сирија, за да им помагаат на силите поддржани од САД, вклучувајќи во битката за ослободување на градот Ракка, прогласен од ID за нејзина престолнина. Сите тие беа дефинирани како привремени, затоа не излегуваат надвор од лимитот.

Во петокот Пентагон изјави дека во Ирак има официјално 5.262 воени на САД, иако вработени неофицијално признаваат дека таму има барем две илјади повеќе.

Претседателството на Трамп се уште е на својот почеток. Белата куќа жонглира со сложени детали за неколку воени операции и во исто време се занимава со даночна реформа, не успех на напорите за укинување на законот за здравствена заштита, внатрепартиски борби и растечки истраги за можни врски на неговата кандидатура-за време на претседателска кампања со Русија. Набљудувачите велат дека проширувањето на воената сила може да одразува врз ограничувањата “опсег” на владата во моментов.

Армијата сепак сака некои одлуки да се донесат брзо. Ирачките сили се обидуваат да ја завршат операцијата за ослободување на Мосул – тврдината на ИД во земјата, а испраќањето на повеќе американски советници поблиску до битката може да биде од корист. Поддржани од САД борците се доближуваат до Ракка, а Пентагон се стреми да ги забрза овие напори. Пентагон тврди дека ИД ќе биде подложена на голем притисок, ако двете операции се спроведуваат истовремено.