Тимоние: Политичките сили заеднички да работат во интерес на иднината на земјата

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние, во име на претседателот на Република Франција,  ја одликува Илинка Митрева со орден офицер на националниот ред за заслуги.

А на свеченоста беа испратени пораки за политичката состојба во земјава од страна на францускиот амбасадор во земајва и поранешниот министер за надворешни работи.

„Очекуваме  дека политичките сили во земјата, заеднички ќе работат имајќи  го  предвид националниот интерес“, вели францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние.

Има еден универзален политички рецепт, а тоа е заборавете на приватното и работете за општото добро – оцени Илинка Митрева – поранешен  министер за надворешни работи.