На што нè учат силните мајки

од Vladimir Zorba
66 прегледи

Таа е силна, секогаш успева да ве насмевне и ве учи како да бидете трпеливи, да не престанувате да верувате, но и како да најдете среќа во најтешките моменти. Вашата најблиска пријателка, вашата силна мајка ќе ви предаде многу вредни лекции кои не треба да пропуштите да ги увидите. Еве некои од нив.

Ќе  ја научите вредноста на независноста
Независноста на една жена се крие во верата дека може да живее исполнет живот, без да мора да го споделува со некого, само за да не е сама. Знаете дека и бракот, создавањето на дом и семејство, одгледување на деца и домаќинските задолженија не пречат на тоа да се изгради успешна кариера.

Моќта на безусловната љубов
Секоја ќерка гледа како нејзината силна мајка го жртвува своето време, здравје и младост во името на семејството. Таа прави сè со насмевка на лицето, а кога е во тежок момент се обидува да ја скрие анксиозноста. Безусловната љубов е силата на современата жена. Таа се предава, жртвува себе во името на своите најблиски.

Ќе научите како да останете силни
Вашата силна мајка ќе ви покаже или веќе ви покажала дека лошите настани ве прават посилни. Неуспесите не се причина да се откажувате од своите планови. Силните мајки учат на тоа како да поверуваме во сопствените можности и да не дозволиме на настаните и луѓето да нè натераат да мислиме поинаку за себе.

Ќе научите дека истовремено може да бидете и посилни и нежни
Силните мајки се чувствителни, иако вешто ја кријат нежната душа. Многу често ние не ја гледаме нивната ранлива страна, ноќите, во кои се крај креветот и кога страдаат за нас или дури биле повредени од нас.

Силните мајки се силни, зашто се ранливи. Тешко е да поверувате, но нежноста и ранливата страна на нашиот карактер нè градат како силни личности. И покрај својата сила на природата треба да успееме да ја зачуваме женствената страна во себе.

Ќе научите како да бидете добра мајка
Дали ќе бидеме добри родители во голема мера зависи од тоа во каква семејство сме израснати. Силните и добри мајки се пример за тоа како се одгледуваат и воспитуваат децата, како да се однесуваме кон сопругот.