Сосема погрешни причини за да склучите брак

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Склучувањето на брак значи доживотно поврзување со одредена личност, а тоа е еден од најважните чекори во нашите животи. Повеќето од нас сонуваат за прекрасна свадба, но понекогаш дури и тогаш среќата не доаѓа. Сценариото може да биде и полошо, ако донесеме вакво решение, поттикнати од неправилни причини. Кои се оние кои во никој случај не треба да нè тераат да склучиме брак?

– Поранешниот / бившата ја донел оваа одлука и претстои да се ожени / омажи.

– Затоа што сакаме некој друг да се готви и чисти наместо нас.

– Компатибилни сме со некого според хороскопот.

– Затоа што веќе сме на возраст на која се очекува да го преземеме овој чекор.

– Сите околу нас се женат.

– Веќе ни се сака да имаме голема и раскошна венчавка.

– Идејата за меден месец ни изгледа многу атрактивно.

– Биолошкиот  часовник отчукува и треба да преземеме мерки.

– Ја немаме волјата да се разделиме со партнерот, дури и работите меѓу нас да не одат.

– Затоа што сме најголемото дете во семејството и според сите “веќе е време”.

– Сакаме некој друг да ги плаќа сметките.

– Затоа што ни се сака некој да се грижи за нашите родители.

– Сметаме дека тоа е главната цел во нашите животи.

– Непредвидена бременост.

– Затоа што почнуваме да оќелавуваме.

– Сакаме мираз и многу подароци.