
Американски бомбардер Ф-16 кој што бил на тренинг мисија се урна денеска во Мерлинед, а пилотот безбедно успеал да се катапултира од авионот, соопштија властите.
Пилотот бил пронајден во непоследна близина на падот на авионот и со војнички хеликоптер бил пренесен во најлиската болница, каде што му била дадена помош за неговите повреди, кои не биле сериозни.
Авионот паднал во ненаселен дел и не предизвикал штета на земјата, меѓутоа службите сепак ги евакуирале луѓето кои што живееле во близина, во случај да не дојде до експлозија на дел од муницијата која што авионот ја имал во него.