Мисла на денот од Марк Цукерберг

од Vladimir Zorba
84 прегледи

“Луѓето може да се многу паметни и да имаат вештини кои можат да бидат директно применети. Но, ако не веруваат навистина во нешто, нема да работат напорно. “
Марк Елиот Цукерберг е американски компјутерски научник, софтверски програмер и основач на социјалната мрежа Facebook. Во 2010 година влегува во листата на Forbes како најмладиот милијардер, а за 2016 година е прогласен за четвртиот најбогат Американец.

Марк е роден во обично семејство. Уште како ученик се претставувал одлично, а од мал пројавувал интерес кон програмирање. Пред да влезе во Харвард, програмерските вештини му се определени како феноменални.