
Оние кои заговараат воената операција во Сирија, треба да се замислат до какви последици доведоа слични акции во Ирак и Либија. Ова го изјави ноќесак по завршувањето на состанок на Советот за безбедност на ОН заменикот на постојаниот претставник на Русија во ОН Владимир Сафронков.
Претставници на Пентагон од своја страна соопштија дека САД ги предупредиле руските воени шефови за тоа дека се подготвуваат да нанесат ракетен напад врз аеродромот “Аш-Шајрат”, информира “Ројтерс”.
Руските сили беа известени однапред за ударот преку утврдената линија за избегнување на конфликти “, изјави капитенот на флотата Џеф Дејвис.

“Американските воени стратези презедоа мерки да се минимизира ризикот за рускиот и сирискиот персонал, кој се наоѓа на аеродромот”, додаде Дејвис. Потсетуваме дека во раните утрински часови САД лансираа десетици ракети врз сирискиот аеродром како одговор на наводниот хемиски напад на владата на Башар Асад, при што најмалку 100 лица загинаа.
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека наредил да биде извршен “воен удар” против аеродромот, од каде што започнал нападот со хемиско оружје во Сирија, соопштуваат новинските агенции. Трамп потсетува дека претседателот на Сирија Башар Асад користел невропаралитичен гас, кој довел до смрт на многу Сиријци.
Претседателот на САД прецизира дека овие удари се со цел да се “заштитаат националните интереси како и безбедноста” на САД. Доналд Трамп исто така, ги повика сите “цивилизирани земји” да престанат со крвопролевањата и убиствата во Сирија